Како и што очекувавме, неофицијалните информации кои што ги објави WinBeta минатата недела, се покажаа како точни.
Windows 10 моментално се користи од страна на 200 милиони корисници, па и повеќе. Со оваа информација оваа недела официјално излезе Microsoft, објавувајќи и дополнителни статистики поврзани со оперативниот систем.
Според нив, Windows 10 има поголема стапка на раст од Windows 8, очекувано, но и од Windows 7, односно 400% повеќе од 8-цата и 140% повеќе од 7-ката.
Статистиките покажуваат зголемен број на корисници на новата унифицирана продавница за апликации, бројот на поминати часови на оперативниот систем, задоволство од користењето и слично.
Следењето на бројот на корисници на Windows 10 можеби е поинтересно поради потенцијалното влијание на успехот на мобилната верзија од оперативниот систем. Се’ уште чекаме да видиме дали големиот број на корисниците на системот, ќе ги мотивира програмерите да развиваат апликации, а истите да ги направат универзални и со тоа достапни и на мобилните.
Бројот од 200 милиони корисници иако одличен, сепак статистиките за процентуалното учество на системот во споредба со другите, покажува дека се’ уште има доста работа за да се нарече голем успех.
Windows 10, според NetMarketShare, ја заврши годината со нешто помалку од 10% пазарен удел, поточно 9,96%. Тоа е се’ уште многу помал удел од Windows 7 од кој што корисниците никако да се откажат и поради тоа има удел од 55,68%.