clhbfjtukaaspxs

Непопуларниот “Bloatware”, односно програми, апликации и алатки кои ги инсталираат производителите на уредите, а кои најчесто не му се особено потребни на корисникот, претставуваат огромен проблем особено кај уредите со Android и Windows. Додека за мобилниот оперативен систем на Google само “root” е решение да се „отарасите“ од вградените апликации, Microsoft ќе овозможи преинсталирање на целиот Windows 10 со чиста верзија.

На овој начин, ќе може да имате Windows Signature оперативен систем кој нема да ги содржи сите реално непотребни алатки кои ги копираат истите алатки во оперативниот систем, како на пример контрола на гласноста од Dell (си има и Windows таква), контрола на работата на батеријата од Lenovo (си има и Windows таква) итн.

microsoft-signature-edition-pcs-bloatware-example-100570035-orig

Да, секој производител има алатки и програми кои треба да го „подобрат“ искуството, но поголемиот дел на корисници сакаат чисто корисничко искуство. Тука секако спаѓаат и досадните “Trial” верзии на Norton или McAfee антивирусните програми, кои се веројатно најдосадните нешта што можете да ги имате на вашиот нов Windows лаптоп. Најлошото кај овие програми е што често е тешко да се отстранат, особено ако не сте премногу стручен.

Новата алатка која ќе ја лансира Microsoft ќе овозможи целосна преинсталација на Windows 10 оперативниот систем и ќе биде достапна со Anniversary Update надградбата, која ќе пристигне кај корисниците на крајот од јули. Лиценцата секако ќе остане, но сите програми инсталирани од производителите ќе бидат избришани, односно корисникот ќе има целосно чиста верзија, онаква каква што ја замислил Microsoft.

Оваа верзија, според Microsoft, поради тоа што нема измени во кодот, ќе биде и многу побезбедна и многу побрзо ќе добива нови надградби. И според искуството со чисти Windows верзии, ќе работи и многу побрзо.

Извор: ZDNet, TechnoBuffalo, BGR

Претходна статијаКина го има најмоќниот суперкомпјутер на светот целосно изработен од кинески чипови
Следна статијаSphero SPRK+ е робо-топка која помага во учење на програмирање