Можеби не секојдневно, но неделно или месечно ни се случува да побараме нешто за освежување на позадината на компјутерот, како на пример фотографија од плажа, од планина или пак некој убав пејсаж. Windows 10 воведе една нова интересна функција која секодневно ја менува сликата на вашиот lockscreen, па ова може да е добро место за пронаоѓање на вашата следна позадина.
Оваа функција која Мајкрософт ја воведе во Windows 10, се вика Windows Spotlight. Меѓутоа освен на lockscreen-от, овие слики не се достапни на друго место за да можете да ги искористите, односно не на некое очигледно и официјално место. Во продолжение можете да прочитате како да ги пронајдете овие слики, кои се зачувуваат на компјутерот и да ги искористите за десктоп позадина.
Прво доколку не ви е прилагодено, одете во делот Settings – Personalization – Lock Screen – и во десниот дел каде што пишува Background, одберете Windows Spotlight.
Да се навратиме на темата, односно да ги пронајдеме сите слики кои ни се прикажуваат од Spotlight.
Кликнете на Windows копчето од тастатурата и впишете Run, па Ентер. Внесете ја следната патека :
“%localappdata%\Packages\Microsoft.Windows.ContentDeliveryManager_cw5n1h2txyewy\
LocalState\Assets”
Ќе ви се отвори папка со чудни имиња на датотеките како на сликата.
Селектирајте ги сите датотеки (CTRL + A или со помош на глушецот) и ископирајте ги (CTRL + C). Во меѓувреме ќе ви излезе едно прозорче кое ќе ве праша дали сте сигурни, кликнете ОК и направете копија во некој од вашите директориуми со слики или пак креирајте нов директориум. Откако ќе направите копија, држете на копчето Shift и десен клик со вашиот глушец одберете “Open command window here”
Ќе ви се отвори нов прозорец со cmd конзолата, каде ќе треба да го внесете следното :
“ren *.*(празно место) *.jpg”
Ова претставува брз начин на промена на екстензијата на фајловите во .jpg, со што ќе можете да ги искористите како позадина.
Не сите фајловите ќе биде слики и употребливи за позадина, па најдобро би било да ги селектирате и избришете, со што ќе ви останат само оние кои би можеле да ги користите.