Живееме во време во кое интернетот ни е секојдневие. Го користиме за работа, па дури и за домашните задачи за на училиште, меѓу огромниот број на други примери. Меѓутоа и покрај достапноста, не секогаш можеме да наидеме на место, локација каде што има Wi-Fi, па во тој случај ни е потребен дополнителен кабел за да се приклучиме на интернет.
Денес ќе ви покажеме како најлесно сами да си овозможите пристап до интернет, односно како вашиот компјутер да го претворите во хостспот (пристапна точка) за интернет. Да речеме немате Wi-Fi рутер дома, туку само модем, ви доаѓаат гости и на еден од нив му е потребен интернет пристап од неговиот телефон за да испрати меил.
Имаме 2 опции кои што може да ни се најдат во оваа ситуација. Едната е поедноставна (за понеискусните), а другата е посложена за поискусните.
Првата опција е во форма на апликација која што се вика Virtual Router Plus. Едноставен, брз и лесен начин да им дозволите на вашите гости да имаат интернет на нивниот телефон. Она што вие треба да го направите е да ја симнете апликацијата на следниот линк (http://virtualrouterplus.com/) и да ја екстрактирате во фолдер. Следен чекор е да ја стартувате апликацијата и за само 10 секунди вие ќе добиете Wi-FI во вашиот дом.
Следно што ви препорачуваме да направите е да кликнете на Advanced Settings и да го промените името на Wi-Fi мрежата и лозинката за неа.
Лесно и едноставно добивте Wi-Fi мрежа во вашиот дом за само 1 минута.
Наредната опција навидум е малку посложена, но интересното е што со само 2 линии во командната линијаа, без употреба на никаква дополнителна апликација ќе го добиете истото.
Отворете ја командната линија (CMD) како Администратор.
Внесете ја следната команда, но пред тоа на кратко да ви објасниме она што вам ви е потребно да го знаете.
netsh wlan set hostednetwork mode=allow ssid=Smartportal key=12345678
SSID е името на вашата Wi-Fi мрежа, во нашиот случај таа се вика Smartportal. KEY фразата е лозинката на вашата Wi-Fi мрежа со која ќе се приклучите на неа. Откако ќе го внесете името и лозинката на Wi-Fi мрежата само притиснете Ентер.
Со оваа команда ќе искреирате нов виртуелен адаптер, во нашиот случај со име Smartportal и лозинка 12345678. Следно што треба да направите е да го стартувате виртуелниот адаптер со командата:
netsh wlan start hostednetwork
Откако ќе го стартувате виртуелниот адаптер, следно што ќе треба да направите е да отидете во Control Panel и потоа во подкатеготијата Network and Sharing Center.
Како што може да се види и на сликата, виртуелниот адаптер веќе постои под името кое му го зададовме, Smartportal. Следен чекор што треба да го направите е да кликнете на Ethernet и потоа Properties. Во новотвореното прозорче кликнете во делот Sharing и одберете ја конекцијата што е креирана, односно Local Area Connection * 11.
За оние кои ќе сакаат да го пробаат истото, а немаат лаптоп, за на десктоп компјутер ќе им биде потребно дополнителен Wi-Fi адаптер, односно нема да може да работи со истиот кој што се користи за добивање на интернет на самиот компјутер.
Фото насловна: Stuart Miles @ FreeDigitalPhotos.net