Како што веќе знаеме Amazon има доста идеи кога станува збор за автономна роботизација на нивните системи за достава. Последното нешто што се обидуваат да го воведат е достава на производи со помош на автоматизирани дронови. Тоа е со цел да се забрза процедурата на достава за потрошувачите да бидат позадоволни.
Amazon тврди дека има доволно напреден систем кој е способен да предвиди што купувачите би купиле уште пред да го притиснат копчето за купување. Целта им е да го искористат тоа за да го забрзаат процесот на испорака уште повеќе.
За производи кои можат (или би можеле) да бидат испринтани на специјални 3Д-принтери Amazon сака да воведе камиони кои ќе имаат вградени такви принтери и ќе можат да принтаат производи во моментот. Тоа би значело дека од самата нарачка купувачот може да го добие производот и за само 30 минути.
Ова би бил еден од патентите кои Amazon се обидува да ги добие, покрај патентот за доставата со дронови и контраверзниот патент за фотографирањето на производите на оваа онлајн-продавница.
Дали ќе стапи вакво нешто во функција е се’ уште големо прашање бидејќи технологијата за 3Д-принтање е мошне ограничена во моментот, особено со тоа што може да се принта само со неколку видови на пластика, но самата идеја и не е така лоша. Секако, доставата на пакети делува поедноставна за извршување од автономни дронови.
Извори: WSJ, ExtremeTech