rift2

Oculus Rift, уредот за виртуелна реалност кој што го отвори овој пазар конечно ќе биде достапен како финален производ за корисниците од почетокот на идната година. Заинтересираните ќе можат да направат пред нарачка на производот некаде до крајот на оваа година, меѓутоа точната дата, како и цената не се уште официјално објавени.

Сепак според одредени информации, цената треба да биде повисока од 200 долари, цена по која што се продава еден од конкурентите Gear VR од Samsung.

Oculus VR, компанијата која што стои зад развојот на Oculus Rift започна уште од 2012 година кога уредот беше претставен преку Kickstarter платформата и успеа да собере повеќе од 2 милиони долари. Компанијата минатата година беше купена од страна на Facebook за 2 милијарди долари, каде што и продолжи развојот.

До тогаш ваквите уреди беа дел од научно фантастичните филмови, а сега полека стануваат реалност и најавуваат дека ќе направат револуција во играњето игри, гледањето на филмови и слични активности.

Можеби виртуелната реалност не е развиена до степенот на филмовите, меѓутоа ваквите уреди овозможуваат еден нов начин на гледање на содржината со можност за интеракција и поголема перспектива.

rift1

Oculus Rift веќе подолго време е во развој и е достапен на ограничен број на луѓе кои што се заинтересирани да развиваат пред неговото претставување.

Исто така, во меѓувреме поради големиот потенцијал на технологијата, повеќе други компании се приклучија со свои слични производи. Ова покажува дека можеме да очекуваме повеќе вакви уреди по пристапни цени, како и содржина во наредните неколку години.

Од Oculus VR веќе се во преговори со неколку компании познати по развивањето на игри, за прилагодување на одредени познати PC наслови за Oculus Rift уредот.

Дефинитивно не чека интересно време гледајќи го развојот на технологијата и претставувањето на уреди достапни само во филмовите до пред 15-тина години.

Извор: Oculus VR, PC World, ZDNet

Претходна статијаАпликацијата на Pizza Hut искористена за барање на помош од полицијата
Следна статијаSwarm за Windows Phone со поддршка за системот за приватни пораки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.