FLI_logo

Вештачката интелигенција иако се развива веќе одреден период, во последните години почнуваме да го гледаме нејзиниот напредок, како и резултатите од развојот. Технологијата денеска е многу подостапна, па истата се развива во разни области со многу поголема брзина и резултати од порано.

Оваа технологија веќе е достапна во својата сегашна форма во производите кои што ги користиме. Вештачката интелигенција се користи за препознавање на гласовите и звуците, за препознавање на лицата, за работа на паметните асистенти и многу повеќе. Со се поголемиот развој на технологијата, како и АИ, истата ќе може да овозможи многу нови работи кои што до пред некое време скоро беа и незамисливи или беа само дел од некои научно фантастични филмови.

Сепак, како што се гледа поголемиот развој на оваа технологија, се почесто можеме да прочитаме и за потенцијалната опасност во иднина од истата. Кратко кажано, неколку истакнати личности од науката и ИТ веќе предупредуваат дека еден ден ќе дојде до ниво на развој на технологијата и АИ што е поголемо од тоа на човекот. Технологијата тогаш може да претставува потенцијална опасност за човекот, а на таа тема веќе се снимени и повеќе филмови.

Во денешно време се повеќе зависиме од технологијата, истата ја развиваме како во научни, медицински, така и во воени цели. Според доста луѓе прашање на време е кога, а не дали, истата ќе дојде во фаза кога ќе може самата да се одржува и да размислува, а тоа ќе може да го прави понапредно и од човечкиот мозок кој што денес се смета за врвот.

Future of Life е институт кој што се занимава со потенцијалните закани со кои што може да се сретне човекот, а во последно време работат конкретно и на заканите од вештачката интелигенција. Тие имаат издадено отворено писмо во кое што се истакнати големите придобивки кои што ги има човештвото од развојот на технологијата и вештачката интелигенција, меѓутоа и потенцијалните закани кои што во не толку далечна иднина можат да се појават.

За разлика од заканите кои што доаѓаат од сончевиот систем, а и подалеку, војните, а сега и развојот на технологијата се сметаат за закани кои што се многу поверојатни да се случат во блиска иднина.

Се разбира, писмото не треба да биде разбрано како нешто против развојот на технологијата, туку како глас за навремено размислување за заштита од потенцијалните закани. Во него се истакнува дека треба да се внимава технологијата да биде развивана на начин на кој што ќе му служи на општеството на повеќе начини, како и тоа дека таа треба да ги прави работите кои што ние луѓето ќе ги побараме.

Писмото до сега го имаат потпишано повеќе личности меѓу кои и Stephen Hawking, Elon Musk, професори од MIT, вработени во Microsoft Research, Deep Mind и слично.

Извор: Cnet, FLI

Претходна статијаБританскиот премиер сака да ги забрани енкриптираните апликации за пораки до кои што ќе немаат пристап
Следна статијаE-Dura – Свитлив имплант кој ќе овозможи враќање на моториката кај луѓе со оштетен `рбетен столб
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.