MakerBot-Replicator-2

Достигнувањата кои се случуваат во технологијата на 3Д печатењето постојано се движат во нагорна линија и бројот на предмети кои можете да ги замените со помош на оваа технологија постојано расте. Можете да направите предмети за употреба во медицината (протетика), стоматологија, автомобилска и авио индустрија, мода, различни детали за вашиот дом или уникатни подароци за најблиските.

Со цел да ја разбудиме вашата љубопитност, во продолжение ви претставуваме неколку функционални примени на 3Д Принтерот:

  • Акцесоари за домашна журка со кои ќе ги изненадите пријателите и кои ќе ја направат вашата забава незаборавна, а во исто време и сите ќе посакаат да ги имаат

3d-print-1

  • Накит – одличен подарок за вашите најблиски

3d-print-2

  • Акустична гитара – Гитарата од вашиот омилен музичар можете да ја имате во вашиот дом

3d-print-3

  • Делови за бела техника – наместо да купувате нова машина можете да испринтате нови делови за истата во секое време

3d-print-4

  • Браник за кола – Можете да испринтате целосна кола или пак само делот за кој е потребна промена

3d-print-5

  • Механичка рака (протетички средства) – 3Д принтот ја револуционаризира модерната медицина и го олеснува животот на многу луѓе

3d-print-6

  • Заштитни маски за смартфони. Имајте секогаш уникатна и различна маска за вашиот телефон, а кога изгледот ќе ви здодее – едноставно испринтајте си нова.

3d-print-7

  • Сет чашки за секојдневна употреба, можете да испринтате поголеми количини во зависност од бројот на гости во вашиот дом

3d-print-8

Изборот зависи од вашите потреби, а дизајнот едниствено од вашата креативност. За подготовка на дизајнот можете да го користите било кој програм за дигитално моделирање или пак некој од илјадниците готови модели за чие користење не е потребно да имате дополнително техничко знаење.

Во комплет со принтерот доаѓа и софтверот кој врши подготовка пред печатење. Материјалот кој се користи за да се претвори дигиталниот во 3Д модел е ПЛА обновлив био-разградлив полимер кој по завршувањето на печатењето не бара никаква доработка.

Покрај многубројните можности кои ги нудат, 3Д принтерите се подостапни за секого и во однос на цената и во блиска иднина можат да станат дел од секој дом. Повеќе информации за цената и достапноста на 3Д принтерите на нашиот пазар можете да најдете на следниот линк.

Во насока на олеснување на денешниот брз начин на живеење можете да ги погледнете и сите останати производи од Електроника, компјутерска и мобилна технологија наменети за таа цел на следниов линк.

Претходна статијаКако би изгледала Земјата доколку целиот мраз на неа се стопи?
Следна статијаДебата за Android vs iPhone во Оклахома завршила крваво