Ен Хатавеј, Елен Пејџ, Сара Џесика Паркер, Клои Грејс Морец, Јуан Мекгрегор, Марк Валберг, Даниел Крег и Денис Квејд се само некои од познатите холивудски ѕвезди чиишто успешни филмови од јуни можете да ги гледате на Pickbox NOW.
Ѕвездена актерска плејада во филмот Паметни луѓе (Smart People)
- Американската комедија Паметни луѓе (Smart People) е преполна со ѕвездени актерски имиња како што се Денис Квејд, Елен Пејџ и Сара Џесика Паркер. Стариот професор Лоренс (Денис Квејд) се претворил во огорчен ексцентрик по смртта на сопругата. Тој се отуѓил од синот, а ќерка му (Елен Пејџ) ја претворил во кариеристка без пријатели. Кога помислува дека сфатил сé за животот, се заљубува во својата поранешна студентка (Сара Џесика Паркер) и неговиот живот се врти наопаку.
Ен Хатавеј како младата Џејн Остин
- Романтичната драма Приказната за Џејн Остин (Becoming Jane) претставува биографски портрет на писателката Џејн Остин пред да стане славна. Дејствието на филмот, со Ен Хатавеј во главната улога, се одвива во 1795 година кога родителите на младата Џејн сакаат да договорат материјално сигурен брак со висок општествен статус. И покрај напорите, Џејн се заљубува во еден млад Ирец, а романсата носи многубројни ризици.
Филмови со Јуан Мекгрегор
- Британската хумористична драма Оркестар (Brassed Off) со младиот Јуан Мекгрегор во главната улога, е идеален филм за пролетни пеперутки во стомакот.Филмот инспириран од вистински настани раскажува за еден рударски музички состав и за неговата борба против затворањето на рудникот.
- Плиток гроб (Shallow Grave) е британска криминалистичка комедија, исто така со Јуан Мекгрегор во главната улога. Овој филм е режисерски првенец на Дени Бојл (Trainspotting, Slumdog Millionaire) и прв долгометражен филм на Мекгрегор. Еден сметководител, еден лекар и еден новинар конечно наоѓаат нов цимер, но мора да смислат што ќе прават со него кога го наоѓаат мртов. Тензиите помеѓу тројцата растат, а приказната ќе ги однесе во многу неверојатни насоки.
Даниел Крег во инди комедијата Хотел Сплендид (Hotel Splendide)
- Генијалниот Даниел Крег гледајте го во британската инди црна комедија Хотел Сплендид (Hotel Splendide). Филмот го прикажува семејството Бланш кое води една болница на остров на кој може да се дојде само со траект. По смртта на мајката која ја водела институцијата, децата се обидуваат да продолжат да ја раководат. Набргу на островот ненадејно доаѓа Кет, поранешна готвачка во која е заљубен еден од синовите. Со нејзиното доаѓање, работите почнуваат да се брануваат, а семејниот бизнис се превртува наопаку.
Марк Валберг како познат фудбалер во филмот Непобедлив (Invincible)
- Со Марк Валберг во главната улога, Непобедлив (Invincible) е спортска драма инспирирана од вистински настани. Валберг ја толкува улогата на Винс Папале, играч на американски фудбал за Филаделфија Иглс. Едноставен и автентичен, филмот испраќа искрена и позитивна порака преполна со спортски ентузијазам.
Клои Грејс Морец и Изабел Хуперт како необични пријателки во филмот Грета (Greta)
- Психолошкиот трилер Грета (Greta) е приказна за односот на една млада жена и една осамена вдовица кој од пријателство се претвора во опсесија. Изабел Хуперт е една од најпознатите француски актерки, додека Клои Грејс Морец е млада американска актерка со веќе подолг список на успешни филмови.
Алис Ив како богата вдовица во филмот Пчелите прават мед (Bees Make Honey)
- Мрачната комедија Пчелите прават мед (Bees Make Honey) комбинира елементи на комедија, драма и мистерија. Алис Иве е во улога на вдовица која во Англија во 1935 година сака да го реши убиството на сопругот. Таа организира дружење и ги собира своите пријатели од високите општествени кругови за да ѝ помогнат.
Уживајте во овој и во уште многу други филмови што пристигнаа на Pickbox NOW.