Тоа е почетокот на адаптацијата на романот „Искушение за невиноста“ (“Ordeal by Innocence”) од кралицата на криминалистичките приказни Агата Кристи од 1958 г., кој се смета за еден од нејзините најдобри романи, а и самата писателка тврди дека е тоа најдобриот роман што некогаш го напишала.

Сите четири епизоди на брилијантната детективска кратка серија, снимена ова година, можете ексклузивно да ги гледате од 20 јули на самостојната услуга Pickbox.tv, неколку недели пред американската премиера!

Мрачни семејни тајни

Романот „Искушение за невиноста“ нè воведува во приказната на Рејчел, имотна жена која, за жал, никогаш не можела да има свои деца. Со посвојување на пет несакани деца, таа се обидува од нив да направи совршени деца. Но секое од петте деца на Рејчел по растењето имало проблем со фактот дека ги посвоиле невротична мајка и прилично бизарен татко. По убиството на Рејчел, семејството Аргил е принудено да се врати на секојдневниот живот, додека истовремено на виделина излегуваат нови сознанија за убиецот, а и мрачни, тешки, семејни тајни.

Актерската постава на серијата секако дека може да се пофали со некои од најпознатите британски актери. Бил Најхи (Лео Аргил) кој, откако жена му е убиена, се подготвува да се ожени за неподносливата (но занесна) секретарка Гвенда (Алис Ив), а го познаваме од филмовите како што е „Пирати од Карибите” и од франшизата „Хари Потер“. Во серијата игра и 53-годишната Ен Ху (Рејчел Аргил), не баш најгрижливата мајка на своите посвоени деца. Ен ја гледавме во филмовите „Часови“ и „Четири венчавки и погреб“.

Еленор Томлинсон (Мери Дурант) е најстарата од посвоените деца и искрено ја мрази својата маќеа Гвенда, а Метју Гуд (Филип Дурант) влегува во семејството Аргил женејќи се со Мери, но тоа не е најсреќниот брак на светот. Кристијан Кук како Мики Аргил го замени оригиналниот актер Ед Вествик („Госип гирл“) зашто тогаш Ед беше поврзан со сексуален скандал.

Сара Фелпс, преку адаптацијата на романот на Агата Кристи, се поигрува со нервите на гледачите, полека откривајќи делчиња од неверојатната сложувалка и коцкајќи се со нашите очекувања. Куќата на семејството Аргил навидум е идилична, но откако децата постепено ќе почнат да се присетуваат на своето детство, темнината излегува на виделина. Ако сте ја читале книгата, знајте дека продуцентката го сменила крајот на приказната, па затоа само осмелете се да предвидите кој е убиецот на паднатата „Голема мајка“!

Изјави:

Сара Фелпс, сценаристка и продуцентка на „Искушение за невиноста“:

„’Искушение за невиноста‘ беше зрела за ТВ-адаптација затоа што ги има сите особини на серија која навистина ќе ги привлече луѓето. Има семејство кое е апсолутно слоевито и кое поседува навистина страшни семејни тајни. Во ова семејство нема личност што не чува некакви тајни, без оглед дали тие се мали или со огромни размери кои би можеле да го разорат целото семејство.“

Фелпс за ликот Рејчел Аргил:

„Читајќи го сценариото, некој рече дека Рејчел не е чудовиште. Ниту јас никогаш не мислев за неа како за чудовиште, туку како за жена која била предадена и измамена и која се крие под совршената надворешност. Кога почнав да работам на серијата, си мислев – што ја убило Рејчел, не кој, туку што? Сакав да создадам жена која е невозможна и која никогаш не би признала дека нешто не е во ред…“

Ен Ченселор (Рејчел Аргил):

„Многу жени работеа на серијата, вклучувајќи ги режисерката Сандра Голдбахер и продуцентката Сара Фелпс. Луѓето можеби мислеа дека Агата Кристи била сентиментална, слатка и евтина, но серијата е всушност чиста готика со мелодрама.“

Ен Ченселор за својот сопруг на екранот (Бил Најхи):

„Тој е многу љубезен, добар и грациозен. Многу посебна личност. Во една пригода, кога доста силно паѓаше дожд во Шкотска, дури и ми го позајми својот капут од ’Прада‘ па бев преплашена дека ќе го изгубам зашто инаку губам сè. Дури го изгубив и својот венчален прстен по две недели од венчавката, дури мислам дека го оставив на сетот на филмот ’Часови‘.“

Метју Гуд за атмосферата на сетот:

„Приказната е многу мрачна и вознемирувачка, но се работи за Агата Кристи, па затоа не е ни чудно! Сепак, понекогаш моравме да се развеселиме. Среќа е што играм еден сосема смешен лик кој е во инвалидска количка, лут на целиот свет и под влијание на разни супстанции – тоа беше премногу забавно да се отелотвори.“

Претходна статијаЗаборавете на ограничувањата со новите moto g6 и moto e5
Следна статијаЕден гигантски чекор за Motorola