Pickbox носи одличен избор од европската телевизиска продукција, со нагласок на криминалистичката драма како „Валкира”, „Тунел“, „Духови“, „Државен непријател“… Сите овие серии добија пофалба од страна на критиката, повеќекратно се наградувани, содржат одлични актерски постави и имаат интересни заплети. Со овој потег Pickbox се обидува да ја исправи неправдата што произлезе од недоволната застапеност на европските серии на регионалниот пазар.
Воландер (Велика Британија)
Одлична британска адаптација на бестселерот од Хенинг Манкел, еден од најпопуларните скандинавски писатели на криминалистички романи. Кенет Брана одлично се снајде во улогата на полицискиот инспектор кој е во потрага по сериски убиец. Приказната се одвива и е снимена во Шведска, а Брана успеа да ја пренесе скандинавската резервираност, додавајќи ѝ го својот суптилен допир, поради што е и награден со наградата БАФТА.
Валкира (Норвешка)
Серија за еден брилијантен лекар, Равен Елкангер (Свен Нордин), кој води незаконска подземна клинка во едно старо атомско скривалиште каде што им помага и лекува лица од криминалното милје, политичари, славни личности, како и итни пациенти, а и други луѓе кои не можат или не сакаат да побараат лекарска помош по легален пат. Разочаран од мејнстрим медицината која ја обвинува за смртта на својата сопруга затоа што не му било дозволено експериментално лекување, огорчениот лекар основа медицинска лабораторија под подземната железница.
Тунел (Велика Британија/Франција)
На Pickbox се достапни сите сезони на овој британско-француски римејк од успешната шведско-данска серија „Broen“ („Мост“) чие дејство го носат британскиот детектив Карл Ребук (Стивен Дилан), како и француската детективка Елиз Васерман (Клеменс Поези). Pickbox имаше екслузивно прикажување на третата сезона неколку часа по премиерата, а сега гледачите можат целосно да ги изгледаат сите епизоди одеднаш. Додека првата сезона се занимава со една политичарка која е убиена на британско-француската граница, втората сезона навлегува во прашањата за домашниот тероризам, рушењето на авиони и синџирите на проституција, а третата сезона започнува со актуелната тематика за сириските бегалци…
Државен непријател (Белгија/Франција)
Напната криминалистичка серија која е заснована на вистинит настан за белгискиот криминалец и злоупотребувач на деца Марк Детрокс (во серијата под името Гај Беранже), кој се наоѓа на крајот од својата затворска казна. Неговото пуштање на условна слобода го крева на нозе блиското белгиско село, но и остатокот од земјата. На жителите не им се допаѓа што во нивната мирна заедница ќе дојде таков монструм, па кога едно девојче од околината исчезнува, целото село се побунува. Тогаш од Брисел доаѓа една млада инспекторка за да го заштити омразениот Беранже…
Ребека Мартинсон (Шведска)
Драмска серија снимена според романите на ценетата авторка Аса Ларсон за успешната адвокатка Ребека Мартинсон, која по смртта на еден пријател од детството се враќа во својот роден крај. Започнува лов на убиецот и набргу се наоѓа во вител од настани што ја тераат да се соочи со болното минато од кое избегала…
Духови (Франција)
Криминалистичката серија со хорор-елементи во 2013 година ја освои меѓународната награда „Еми“ за телевизиски остварувања надвор од САД. Во едно идилично француско планинско гратче, една неповрзана група луѓе збунето се обидува да се врати дома. Тоа што не го знаат е дека се мртви веќе со години и дека никој не ги очекува. Додека се обидуваат одново да се вклучат во своите поранешни животи, се откриваат тајни и нови мистерии, а истовремено сите се обидуваат да се справат со новата стварност. Нивното враќање се поклопува и со низа убиства…
1992 (Италија)
Политичка драмска серија која следи шестмина луѓе чиишто животи рапидно се менуваат паралелно со менувањето на политичката свест во Италија во раните 1990-ти. Корупцијата и криминалот во тој контроверзен период во земјата резултираа со убиства на многумина тогашни политички фигури.
Целокупната богата понуда на интригантни европски серии проверете ја и погледнете ја на www.pickbox.tv