Британската шпионска трилер серија Досието Икпрес (The Ipcress File) на Pickbox NOW доаѓа на 16 јануари. Сместена во 1963 година, за време на Студената војна, оваа серија ќе ги воодушеви сите љубители на крими и шпионски серии.
Серијата е адаптација на романот The IPCRESS File од Лен Дејтон од 1962 година. Приказната е доста преработена, дејството и некои ликови се радикално изменети, а е додаден и многу нов материјал, што ја прави ТВ серијата значително поразлична од оригиналот на Дејтон. Обожавателите веројатно ќе се сетат на оригиналната филмска адаптација од 1965 година во која играше легендарниот Сер Мајкл Кејн во улогата на Хари Палмер. Култниот класик е сметан за антитеза на Џејмс Бонд, симнувајќи го гламурот на филмовите за 007 за да создаде поавтентичен и поостар приказ на животот на тајниот шпион.
Во центарот на приказната е Хари Палмер, бивш криумчар кој неволно станува шпион, се наоѓа во средиштето на опасна тајна мисија во која мора да ги употреби своите врски за да го најде исчезнатиот британски нуклеарен научник.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?
Шефот на шпионите Далби му дава на малиот измамник и трговец на црниот пазар, Хари Палмер, излез од воениот затвор во Колчестер нудејќи му работа на разузнавачки офицер во неговата мала, но влијателна безбедносна единица. Оваа безбедносна единица е цивилен оддел на британската разузнавачка заедница која му одговара директно на Кабинетот. Во романот е опишана како “една од најмалите и најважни разузнавачки единици“. Истрагата на единицата за исчезнатиот британски нуклеарен научник се проширува во случај на меѓународна шпионажа кој е документиран во содржината на истоимената “ИПКРЕС датотека“. Значењето е: Induction of Psycho-Neuroses by Conditioned Reflex under Stress.

ФАНТАСТИЧНА АКТЕРСКА ЕКИПА
На чело со британскиот актер Џо Кол (Skins, Peaky Blinders) во улогата на Хари Палемр, ѕвездената актерска екипа ја сочинуваат и американско-британската актерка Луси Бојнтон (Bohemian Rhapsody, The Politician) и наградуваниот британски актер Том Холандер (The Night Manager). Критичарите и публиката се полни со зборови на пофалба за актерската екипа, а освен глумата, убедливото сценарио го потпишува Џон Хоџ, а режијата Џејмс Воткинс.
Атмосферична, силна и убедлива, премиерата на новата шпионска серија започнува на Pickbox NOW на 16 јануари.