Лого од Google Inc.SVG by Premeditated, Public domain, via Wikimedia Commons

Со оглед на тоа што двете апликации се во сопственост на Google, очекувано беше дека може да се очекува некаква интеграција помеѓу нив. Од компанијата најавија уште пред неколку месеци дека може да се очекува информациите од Waze да почнат да бидат прикажувани и на Maps. 

Тоа значи дека големата заедница на чија основа функционира Waze, сега ќе ја направи доста покорисна и веќе одличната Google Maps. 

Според информациите од неколку корисници, Google изгледа започнува со тестирање на интеграцијата на апликациите. Првата информација која корисниците ја имаат забележано е пријава за присуство на полиција на одредена локација, а ваквите информации се тие по која е позната Waze. 

Фото: Reddit/u/Truckin_18

Може да се види дека при навигација корисниците ќе добиваат кратко известување на долната страна од екранот кое е привремено за да не пречи, заедно со ознака за кој дел од мапата се однесува. Корисниците ќе можат да притиснат на копче за да потврдат дека информацијата е точна, односно веќе не е точна. 

Не е познато кога може да се очекува официјалното пуштање на оваа нова и корисна функција, а исто така не е познато дали веднаш ќе им биде пуштена на сите корисници во светот. 

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статија„Макпетрол“ организира работилница за врсничко насилство за родителите од Кисела Вода
Следна статија10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на математичкиот натпревар UltiMATH
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.