anydevice_v3._V347773659_

Доколку се следи трендот на наплата за сервисите во последните години, дефинитивно може да се каже дека се повеќе компании го прифаќаат бизнис моделот со претплата. Моделот со претплата се покажува како попривлечен за корисниците затоа што тој нив им нуди можност да месечно плаќаат многу пониска цена, наспроти претходниот модел во кој што корисниците треба да го платат производот за една година или повеќе.

Денеска Amazon претстави нов сервис кој што е базиран на моделот на претплата. Наречен Kindle Unlimited, на корисниците им нуди можност за читање на неограничен број на книги со месечна претплата од 9,99 долари. Ограничување за времето на чување на една книга нема, меѓутоа корисниците ќе можат да чуваат изнајмено максимум 10 книги во исто време. Сепак Kindle Unlimited не ги става на располагање сите книги кои што се достапни на Amazon онлајн продавницата, па корисниците ќе имаат избор од повеќе од 600.000 книги, што не е малку, меѓутоа е помалку од милионските достапни наслови.

Според некои од странските портали, бројот на книгите покажува дека во оваа фаза Amazon нема успеано да се договори со повеќето издавачи на книги, а исто така од компанијата не даваат повеќе информации за тие со кои што се имаат договорено, како и за условите за договарање. Сепак сервисот е во неговиот почеток, па може да се очекува зголемување на бројот на издавачи кои што ќе ги нудат своите книги преку него, а посебно доколку се покаже како популарен кај корисниците.

За жал Kindle Unlimited на почеток ќе биде достапен само за корисниците во САД, а информација за неговото проширување во остатокот од светот нема. Kindle Unlimited книгите ќе можат да се читаат преку достапните апликации на iOS и Android, како и на Windows и Mac десктоп компјутерите и лаптоп компјутерите.

Извор: Amazon, Mashable

Претходна статијаFacebook ја претстави Mentions, апликација наменета за познатите личности
Следна статијаGoogle нема да ги нарекува бесплатни игрите кои што вклучуваат купувања во апликацијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.