Фото: Shutterstock.com

Apple Intelligence, приклучувањето на Apple кон трендот на вклучување функции со генеративна вештачка интелигенција, изгледа ќе задоцни неколку недели од планираното. 

Марк Гурман информира дека од компанијата нема да ги пуштат овие функции со првата финална верзија од iOS 18, iPadOS 18 и macOS Sequoia, па истите може да се очекуваат со првата надградба на iOS 18.1, односно iPadOS 18.1 и macOS 15.1. 

Надградбата треба да биде пуштена во октомври, што значи дека доцнењето не треба да биде поголемо од неколку недели, но тоа сепак ќе значи дека и новата iPhone 16 серија нема веднаш да дојде со Apple Intelligence. 

Програмерите треба за првпат да добијат пристап до овие функции, кои засега не се достапни во бета верзиите од оперативните системи, од оваа недела кога се очекува Apple да им даде пристап порано од обично до .1 бета верзијата. 

Причината за одложувањето се истакнува дека е стабилноста на функциите, па од компанијата сакаат дополнително време за тестирање од страна на програмерите кои дури сега ќе го добијат првиот пристап. 

Со оглед на ситуацијата, изгледа не може да се очекува дека и обичните корисници кои ја користат јавната бета верзија од системите ќе добијат пристап до Apple Intelligence, но ќе видиме во наредните неколку денови. 

Треба да се земе во предвид дека дури и во октомври корисниците нема да ги добијат сите презентирани новини од Apple Intelligence, па дури за идната година се најавува целосно новата верзија од Siri која треба да биде многу поспособна од сегашната.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаPlay Store ќе почне да ги покажува придобивките од претплатите кои ги има корисникот
Следна статијаМаркез Браунли го раскажа случајот кога неговото студио било посетено од FBI
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.