Microsoft оваа недела ја прославува 50 годишнината од основањето на компанијата. Поточно, Microsoft беше основана на 4 април 1975 година од страна на Бил Гејтс и Пол Ален. 

За прославување на овој јубилеј седнуваат на интервју Бил Гејтс, Стив Балмер и сегашниот директор Сатја Надела. Ова можеби немаше да биде толку интересно видео доколку истото беше направено стандардно како и сите други. 

Интервјуто во овој случај го прави Microsoft Copilot, а на почетокот Сатја Надела и дава насоки на вештачката интелигенција како да го води истото. 

Тој бара од Copilot да биде со висока енергија и да им постави доста директни и интересни прашања на сите учесници посебно, а исто така му дава дозвола да даде и сопствени мислења. 

Целото интервју не е многу долго, трае осум минути, па можете да го погледнете во продолжение.