Фото: Intel

Во текот на вчерашниот ден Microsoft ги претстави нивните први компјутери кои работат на Snapdragon X серијата и кои конечно донесуваат вистинска и сериозна конкуренција на MacBook од Apple.

Microsoft дури ги нарече овие компјутери Copilot+ PC, а како што се очекуваше, овие компјутери со Snapdragon X ќе бидат со главен акцент на вградените функции со вештачка интелигенција.

Првите компјутери од Microsoft кои беа претставени се Surface Pro 7 и Surface Laptop 11, а за кратко се очекува претставување на свои модели од другите производители како Dell, HP, Lenovo, Samsung и повеќе.

Intel истиот ден излегоа со објава преку која го најавуваат претставувањето на наредната генерација од нивните Core Ultra чипови, односно „Lunar Lake“. Официјалното име на Lunar Lake се очекува да биде Intel Core Ultra 2.

Овој чип треба да биде претставен скоро, а од тоа што го најавуваат од Intel, тој треба да се носи со Snapdragon X серијата, па дури и да ја надмине во некои делови.

Lunar Lake покрај тоа што донесува нови јадра за перформанси и за штедење, донесува и нови јадра за процесирање на вештачката интелигенција и машинско учење.

Новиот NPU кај Lunar Lake се најавува дека ќе може да процесира повеќе од 40 TOPS, а кога ќе се „здружат“ процесорот, графичкиот процесор и NPU, се доаѓа до повеќе од 100 TOPS.

Во Lunar Lake ќе биде вградена новата генерација на графички процесор Xe2, која подоцна ќе ја видиме и кај посебни картички од компанијата.

Intel исто така најавува дека може да се очекуваат голем број на лаптоп компјутери од производителите кои ќе ги имаат најавените Copilot+ функции.

Конкуренцијата станува сериозна оваа година, па ќе видиме уште што ќе направат Apple до крајот на годината на овој план, иако нивниот М4 уште сега се гледа дека е повеќе од добар.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Intel
Претходна статијаПристигна конкуренцијата на MacBook компјутерите – Microsoft ги претстави првите Copilot+ PCs со Snapdragon X Elite и Plus чипови
Следна статијаЛегендарниот шкотски детектив се враќа на Pickbox NOW во ексклузивна премиера
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.