Фото: Shutterstock.com

Уште од минатата година читаме дека Apple планира конечно да додаде OLED екрани кај iPad Pro серијата која требаше да биде претставена минатиот месец или на почетокот од овој.

Сега информациите најавуваат дека претставувањето на новите iPad модели може да се очекува во мај, а извор на оваа информација повторно е Марк Гурман кој сепак важи за еден од најмеродавните извори.

Покрај двата нови iPad Pro 11 и iPad Pro 12,9 инчни уреди со OLED екран, се очекуваат и два нови iPad Air уреди, а едниот од нив би бил за првпат поголем 12,9 инчен Air модел.

За Pro моделите е јасно дека ќе работат на М3 чипот, а за Air верзијата ќе треба да почекаме и да видиме. Ако го земеме досегашното искуство во предвид, iPad Air оваа година можно е да се очекува да дојде со М2 чипот или евентуално А17 Pro чипот од iPhone 15 Pro серијата.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGoogle потврди кога може да се очекува RCS поддршката кај Apple Messages
Следна статијаMicrosoft го преместува копчето за „виџети“ кога Старт менито е поставено на левата страна кај Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.