Apple своите телефони обично ги претставува во септември, што значи дека се ближи времето кога од компанијата ќе треба официјално да го најават нивниот настан за оваа година.

Додека чекаме на официјалната најава, гласините најавуваат дека датата кога ќе ги видиме новите iPhone 15 телефони е 13 септември, среда.

Информацијата ја објавува порталот 9to5Mac, кои истакнуваат дека повеќе извори ги информирале за случувања кај операторите кои на своите вработени им кажале да не зимаат одмор во тој период. Причината за тоа е голема најава на нови смартфони, па тоа секако не мора да значи дека се мисли на iPhone.

Сепак, поради датата се верува дека се работи за Apple настан, па може тој период да се смета како прилично сигурен.

Иако не се очекуваат драстични промени, iPhone 15 серијата донесува доволно за да привлече поголемо внимание, а тоа посебно важи за Pro моделите. Оваа година сите модели ќе дојдат со Dynamic Island исечокот, што значи дека веќе нема да има модели со „стариот“ вид на исечок.

Исто така, сите модели се очекува дека ќе дојдат со USB-C приклучок, наместо со Lightning од Apple, па корисниците конечно нема да мора да имаат два вида на кабли за полнење на нивните уреди.

Друга интересна новина која се најавува за Pro моделите е замена на преклопникот за тивок режим, карактеристичен за iPhone уште од првиот модел, со копче кое ќе може да се избере каква функција извршува.

iPhone 15 Pro серијата се очекува дека ќе ги има најмалите рамки околу екранот досега, а исто така очекуваме и мало заоблување на рамките околу уредот, кои сега ќе бидат направени од титаниум.

Имаме уште околу месец дена до претставувањето на iPhone 15 серијата, а на овој настан ги очекуваме и новите верзии од AirPods слушалките, како и Apple Watch.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаYouTube тестира прикажување на резимеа од видеата автоматски генерирани од страна на вештачка интелигенција
Следна статијаGoogle го олеснува процесот на тргање лични информации од пребарувањата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.