Фото: Shutterstock.com

Стартап компанијата од Вирџинија, САД, Operation Bluebird, поднесе формална петиција до Канцеларијата за патенти и трговски марки на земјата, со цел да бидат откажани трговските марки кои ги поседува X за „Twitter“ и „tweet“. 

Овие два познати зборови, како што е познато, престанаа да се користат по купувањето на мрежата Twitter од страна на Елон Маск, па оваа сѐ уште популарна мрежа сега функционира под брендот „X“. 

Според компанијата, X ги имаат напуштено овие трговски марки, па поради тоа исполнети се условите за да може да им бидат одземени. 

Operation Bluebird имаат план да претстават нова друштвена мрежа која ќе го користи брендот Twitter, а тие веќе имаат и пуштено веб страна со доменот twitter.new

Интересно е што продолжуваат обвинувањата за „штетноста“ на X и наводно големиот број на лажни вести, говор на омраза и уште низа на зборови кои се користат за буткање на одредена идеологија од една страна. 

Купувањето на Twitter од страна на Елон Маск можеби е едно од најклучните случувања изминатите години, а со тоа се доби една отворена мрежа на која може реално да се добијат различни информации и гледишта. 

За разлика од X, Twitter порано, а и другите мрежи, веќе е докажано дека имаа цензурирано се што се сметаше како спротивно на верувањата на едната страна во САД, па не е ни чудно што обидите да се направи конкурент на оваа мрежа не се баш успешни. 

Operation Bluebird најавуваат мрежа која ќе биде позитивна, омилен збор на групите кои се склони кон цензура, зошто се што на нив не им се допаѓа, многу лесно можат да го означат како негативно и штетно и да го забранат. 

Новиот Twitter, доколку се успее со добивањето на трговските марки, се очекува да биде пуштен идната година, но ќе видиме дали xAI, односно Елон Маск, ќе решат да не се откажат од нив. 

Инаку, Маск ја купи мрежата Twitter во 2022 година за 44 милијарди долари, па и покрај сите маани во работењето, мрежата во денешно време е ретко место каде може да се добијат информации.