Netflix официјално го најави купувањето на еден од најпознатите брендови во филмската индустрија, Warner Bros. Најавата доаѓа само неколку часа по неофицијалната информација за оваа зделка, па како и што е најчесто случајот, шпекулациите се покажаа како точни.
Како што се најавуваше, Netflix го купуваат само делот во кој што се филмските студија, филмските телевизии и HBO Max стриминг сервисот. Останатите делови, ќе бидат поделени во посебна компанија, а во нив спаѓаат канали како Discovery, CNN и други.
Netflix има понудено 82.7 милијарди долари за купување на Warner Bros, а акционерите ќе ги добијат парите во главно во кеш, а дел ќе биде исплатен и преку акции во Netflix.
„Ова аквизиција ги обединува двата пионерски бизниси за забава, комбинирајќи ја иновацијата, глобалниот дострел и најдобрата услуга за стриминг на Netflix со вековното наследство на Warner Bros од светска класа на раскажување приказни. Омилените франшизи, емисии и филмови како што се „The Big Bang Theory“, „The Sopranos“, „Game of Thrones“, „The Wizard of Oz“ и DC Universe ќе се приклучат на богатото портфолио на Netflix, вклучувајќи ги „Wednesday“, „Money Heist“, „Bridgerton“, „Adolescence“ и „Extraction“, создавајќи извонредна понуда за забава за публиката ширум светот.“ – истакнуваат од Netflix.
Во основа, со ова филмовите и сериите од HBO, DC Studios и другите кое се во сопственост на Warner Bros треба да им станат достапни на корисниците на Netflix, па ќе видиме во кој правец планираат од компанијата да продолжат, односно дали ќе продолжи да функционира HBO Max.
По оваа најава, останува да видиме само дали ќе има проблеми со регулаторните тела, по што купувањето ќе може да се официјализира.









































