Фото: Grokipedia

После повеќе години на критикување на едно време доверливата онлајн енциклопедија, Wikipedia, Елон Маск пушти „своја“ верзија од оваа страна наречена Grokipedia.

Маск го најави пуштањето на Grokipedia на почетокот од месецот, па страната сега е и официјално достапна, а за почеток стои дека се достапни повеќе од 800.000 статии. 

Како што може да се претпостави од името на оваа страна, статиите се проверуваат со помош на вештачката интелигенција, односно од страна на Grok од xAI. 

Wikipedia изминатите години добива доста критики, а во главно поради обвинувањата за големата пристрасност кон левата политичка страна во САД, заедно со сите идеологии и движења кои се дел од нив. 

Grokipedia треба да овозможи неутрално место за објава на факти, но секако ќе видиме дали тоа ќе биде навистина така. 

За споредба, најпознатата онлајн енциклопедија, Wikipedia, има повеќе од 7 милиони статии кои се проверуваат од страна на луѓе и организации, кои можат да прават и измени. 

Од тука доаѓаат и критиките за Wikipedia, која не остана имуна на огромниот број на невладини организации кои изминатите години имаа една цел, а тоа е ширење на нивната идеологија и ништо друго. 

Grokipedia треба да функционира само со помош на Grok, а корисниците можат да пријавуваат грешки.

Дел од статиите се преземени од Wikipedia, но проверени и изменети од страна на Grok, а ова очекувано веднаш привлече критики од страна на одредени луѓе. 

Во една од објавите поврзани со пуштањето на Grokipedia, Маск истакнува дека целта на оваа енциклопедија ќе биде вистината, целосната вистина и ништо освен вистината. 

Претходна статијаПремиера на краткиот филм чиј потпис го носи RM од групата BTS, во соработка со компанијата Samsung, ја прикажува радоста на уметноста во домот преку Samsung Art TV уредите
Следна статијаПочна „Енерго-Технома 2025“ – на едно место ги спојува знаењето и технологијата за одржлива иднина
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.