Apple како и секогаш имаше одлична презентација во јуни кога го претстави нивното приклучување на трендот на додавање функции со генеративна вештачка интелигенција.
Apple Intelligence изгледаше како да на корисниците на Apple ќе им донесе подобри можности од конкуренцијата, па реакциите во главно беа дека од компанијата секогаш работите ги прават подобро.
Сепак, при пуштањето на првата тест верзија од функциите за програмерите, Марк Гурман излезе со критика и став дека Apple Intelligence е доста назад во споредба со конкуренцијата, а посебно и во споредба со тоа што беше презентирано.
Тој во неговиот најнов неделен билтен го потврдува овој став, а сега смета дека е дефинитивно во право по претставувањето на новите Pixel уреди од страна на Google.
Од компанијата за време на претставувањето на Pixel 9 серијата ги презентираа и новите можности и функции на Gemini. Според Гурман, Google покажаа колку се понапред од Apple на овој план, па тој смета дека тие не се „оддалечени повеќе милји“, туку се во целосно различни универзуми.
Apple ќе мора посериозно да работат на развојот на вештачката интелигенција, а додека ги видиме сите резултати ќе поминат уште доста месеци, време во кое ќе напредува и конкуренцијата.
Гурман чека на претставувањето на iPhone 16 серијата и пуштањето на iOS 18.1 верзијата со Apple Intelligence во октомври за да се видат реакциите на корисниците и популарноста на новите можности.