Загреб, 30. јуни, 2020 година – И оваа година ќе се одржи најважното доделување на награди во Регионот – “SoMo Borac 2020”. Како и до сега, наградите ќе се доделуваат за време на Викенд Медиа Фестивалот (Weekend Media Festival) кој оваа година ќе се одржи во периодот од 24. до 27. септември во Ровињ.
За значајноста на наградата најдобро говорат бројките. Низ годините, за наградата “SoMo Borac“ собрани се 873 пријави, доделени се 142 статуетки и прогласени се вкупно 63 победници. Дел од жири комисијата биле 139 релевантни експерти, додека самите награди ги следеле повеќе од 3.000 луѓе.
“Никој не го очекуваше она што оваа година ни го донесе. По многу работи беше специфична и сигурни сме како тоа ќе се одрази на пријавувањето. Бевме сведоци на многу квалитетна и навремена комуникација, одлични реакции на сѐ она во кое се најдовме, сјајни и извонредни кампањи. Но, не ни недостасуваа и оние “обичните“ кои се наметнаа пред голем број многу посилни теми. Се радуваме на сите пријави, затоа што, без сомнение, и “SoMo Borac 2020“ ќе биде како ниту еден до сега. ” – изјави Ружица Врдољак Личина (Ružica Vrdoljak Ličina), од организацијата на “SoMo Borаc“.
Како и секогаш, пристигнатите пријави ќе бидат оценувани од регионална жири-комисија составена од експерти од најважните агенции, а своите дела можете да ги пријавите до 7 септември, во вкупно 9 категории.
За сите информации, следете го “SoMo Borac“ на Facebook , LinkedIn и Instagram.