PROXIAD OPEN DAY се одржа во Netaville како инспиративен настан со кој се заокружи годината, ставајќи фокус на знаењето, соработката и заедницата како клучни двигатели за технолошки решенија со реален импакт. Proxiad SEE организира вакви настани со цел да поттикне поврзување, размена на искуства и инспирација меѓу ИТ професионалци.
„Во Proxiad SEE се стремиме да организираме едукативни и networking настани затоа што веруваме дека вистинската вредност на технологијата се создава таму каде што знаењето, соработката и заедницата се во фокус. Посветуваме големо внимание на развојот на ИТ заедницата и постојано се фокусираме на промоција на знаењето, иновациите и практичните решенија кои можат да донесат реален ефект во ИТ индустријата. Целта ни е да создадеме простор каде професионалци од различни домени можат да споделуваат искуства, да учат едни од други и да се инспирираат за нови идеи, проекти и соработки“
– Дина Ивановиќ, Site & Recruitment Lead – Macedonia.

Вечерта започна со предавањето „Rethinking Software Development in the AI Era“, одржано од Синиша Арсовски, Technical Team Lead. Синиша претстави практични примери за тоа како вештачката интелигенција го менува начинот на кој инженерите размислуваат, дизајнираат и развиваат софтверски решенија.
Арсовски зборуваше за влијанието на AI врз секојдневната работа на инженерите, за промена на улогите во тимовите и за потребата од критичко размислување и адаптација во новата ера на развој.
„Презентирав на тема „Rethinking Software Development in the AI Era“, што предизвика интересни дискусии и одлични повратни информации од публиката. Вештачката интелигенција е иднината, а особено е возбудливо што веќе ја имплементираме во тековниот проект. Ваков тип на иницијативи се одлична можност за учење, вмрежување и споделување знаење. Целокупното искуство беше навистина одлично и инспиративно.“
— Синиша Арсовски, Technical Team Lead.

Во вториот дел од настанот, следеше панел дискусија на тема When Tech Meets Health, фокусирана на развој на комплексно health tech решение, чија цел е поврзување, обработка и централизација на податоци од различни медицински уреди во една унифицирана платформа, која им овозможува на клиничарите real-timeувид, појасна визуелизација на податоците и побрзо носење на точни и информирани одлуки.
Proxiad SEE посветено ја развива својата health tech дивизија, комбинирајќи длабока експертиза во интеграција на медицински системи, data & AI иновации и креирање безбедни, сигурни и одржливи дигитални здравствени решенија.
Панелот ги обедини следните професионалци:
- Ивана Трајановска, Automation QA Engineer
- Дејан Ивановски, Senior Angular Developer
- Синиша Јовиќ, Biomedical Engineer

Преку различни инженерски перспективи, дискусијата ги опфати предизвиците поврзани со работа со медицински податоци, точност, сигурност, интеграција на системи во реално време и одговорноста што ја носи health tech доменот.
„Би сакал да изразам благодарност до Proxiad SEE ги согледува полињата од најголем технолошки интерес во овој момент, како AI и дигитална медицина. Спремни сме да го споделиме нашето искуство, а со тоа и да придонесуваме за подигнување на технолошкото знаење на сите заинтересирани студенти и професионалци со организација на настани од ваков тип. Како biomedical engineer, во панел дискусијата споделив информации за важноста од мониторирање на пациенти во реално време. Како можеме да оствариме интеграција на различен тип на медицински уреди, во систем кој претставува сеопфатна слика за состојбата на пациентот и е лесно разбирлив за медицинскиот персонал. За секој заинтересиран млад инженер би му препорачал да биде заинтересиран за својата област, да поставува прашања, и да се посвети кон надоградување на своето знаење.“
— Синиша Јовиќ, Biomedical Engineer.
QA аспектот ја истакна важноста на довербата, стабилноста и регулативата при развој на вакви решенија, додека frontend перспективата покажа колку е важно информациите да бидат прикажани јасно, брзо и интуитивно за клиничките корисници.
„Големо задоволство ми беше што бев дел од овој настан и верувам дека успеавме на присутните да им пренесеме јасна и реална слика за нашата работа. Фокусот на панел-дискусијата беше ставен на медицинските системи, технологиите и решенијата што тие ги нудат, тема која директно се надоврзува на мојата работа како QA инженер, каде што секогаш се водам од принципите на квалитет, точност на податоците и прецизност. Ова беше моето прво јавно излагање и токму преку него открив колку е моќно споделувањето на сопственото мислење пред публика.“
— Ивана Трајановска, Automation QA Engineer.
„Ми беше чест и задоволство да споделам дел од моето искуство при развој на софтверски решенија од health tech доменот, каде точноста, сигурноста и правилната интерпретација на податоците имаат директно влијание врз пациентската грижа. Зборував и за конкретните предизвици, како што е визуелизација на real-time медицински податоци како и работата во тимови со експерти од различни медицински области. Мислам дека ваквите настани се особено важни затоа што овозможуваат размена на практично знаење, реални искуства и различни перспективи, но и затоа што ги мотивираат помладите инженери да се вклучат во домен каде технологијата има вистинска и опиплива вредност за општеството.“
— Дејан Ивановски, Senior Angular Developer.

PROXIAD OPEN DAY уште еднаш потврди дека вистинската вредност на технологијата се создава таму каде што знаењето, соработката и заедницата се во фокус, особено кога технолошките решенија имаат директно и значајно влијание врз човечкото здравје и квалитетот на животот.

Во тој контекст, Proxiad SEE континуирано иницира и поддржува ваков тип на настани, панел дискусии и предавања, со јасна цел да ја поттикне размената на знаење, да отвори релевантни индустриски теми и да ја зајакне локалната и регионалната технолошка заедница.
Овие иницијативи се дел од пошироката визија на компанијата – активно да придонесува кон развој на ИТ екосистемот, поврзувајќи технологија, луѓе и реален општествен импакт.










































