После години на доста брзо пуштање на софтверот од производителите направен на најновата актуелна верзија од Android, минатата година го прекрши овој тренд за корисниците на Samsung.
One UI 7, една од поголемите и подобри надградби на системот, не беше пуштена минатата есен, а не беше пуштена ни зимата. Тестирањето преку бета верзијата започна во декември, а сега конечно ја имаме и официјалната дата кога финалната верзија ќе почне да им биде пуштана на корисниците.
Почнувајќи од 7 април, Samsung ќе го стартува процесот на надградба, а секако не сите можат да очекуваат дека баш од тој ден ќе ја добијат надградбата. Процесот ќе започне со Galaxy S24 серијата, а вклучени ќе бидат и Galaxy Z Fold6, како и Galaxy Z Flip6.
Во неделите што следат приклучување на процесот можат да очекуваат и корисниците на Galaxy S24 FE серијата, Galaxy S23 серијата, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Fold5, Galaxy Z Flip5, како и Galaxy Tab S10 и S9 сериите.
Цел овој процес ќе зависи и од земјата, па засега не можам точно да кажам кога нашите корисници ќе ја добијат својата надградба на One UI 7.
Како и да е, може да се очекува дека во текот на април и мај, повеќето корисници ќе можат да ја инсталираат оваа доста голема надградба.
Едни од главните новини кои доаѓаат со One UI 7, систем направен на основа на Android 15, вклучуваат нов дизајн на „виџетите“, посебен дел за прикажување на брзите прилагодувања, нова Now Bar функција која е слична на Dynamic Island од Apple и доста повеќе, а еве како од Samsung ги опишуваат истите.