Во текот на вчерашниот ден SpaceX успешно го изврши шестиот тест лет на нивното Starship летало кое се планира во иднина да се користи за мисија на Марс.
Шестиот лет повторно беше успешен, односно леталото и ракетата успешно ги извршија своите планирани летови и се вратија назад на Земјата. Ова веќе е главна карактеристика на SpaceX, компанија која може да се каже дека направи револуција со развојот на ракети и летала кои можат да се користат повеќе од еднаш.
Со шестиот тест лет SpaceX сепак не успеа да го повтори успехот од претходниот тест лет кога Super Heavy ракетата се врати на истата кула од која полета и беше „фатена“ од страна на механичките раце на истата.
При процесот на слетување на Super Heavy стана јасно дека нема да може да се погоди целта, па на време ракетата беше пренасочена во Индискиот океан каде што „слета“ во водата, секако без да биде оштетена.
Што се однесува до Starship леталото, неговата мисија беше целосно успешна. По достигнувањето на орбитата на Земјата, SpaceX за првпат тестираше исклучување на моторите, па нивно повторно вклучување во орбитата.
По овој процес, Starship се врати назад на Земјата каде исто така успешно слета во Индискиот океан.
Снимката од шестиот тест лет на Starship е достапна на X, а можете да ја погледнете во продолжение.