Една од најдобрите серии при крајот на деведесеттите, барем за нас, That 70’s Show, добива продолжение или како што се нарекува „спиноф“.

Новата серија е наречена That 90’s Show и е направена од страна на Netflix, каде ќе може и да се гледа со почеток на 19 јануари идната година.

Серијата се врти околу ќерката на Ерик и Дона, Леа, која својот летен распуст се решава да го помине кај нејзините баба и дедо. Тоа значи дека во оваа серија ќе ги има одличните Куртвуд Смит со улугата на „страшниот“ и строг Ред, како и неговата жена Кити, која ја игра актерката Дебра Џо Руп.

Засега не е познато дали некои од останатите карактери од старата серија ќе ги видиме во оваа, но и да се остане само на Ред и Кити, веќе серијата привлекува големо внимание.

Дејството на серијата се одвива во 1995 година, повторно во Поинт Плејс, Висконсин, а тука е и познатиот подрум каде се собираат децата за да прават секаква глупости.

Тоа што не „плаши“ за очекувањата за That 90’s Show е што е направена од Netflix, па не би не изненадило нешто со ваков капацитет за одлучна серија, биде уништено од „woke“ влијанието кое не е мало во оваа компанија.

Сепак, да оставиме прво да излезе серијата при крајот на јануари идната година, а во меѓувреме тука е и првиот „трејлер“ кој можете да го погледнете во продолжение.