Во ноември минатата година, познатите Valve, најавија три нови уреди кои привлекоа доста голема внимание кај „гејмерите“. Најавени беа Steam Machine компјутерот/играчката конзола, Steam Controller, како и ВР очилата Frame.
За разликата од досегашните Steam „машини“, кои беа правени од страна на други производители, сега Valve решија директно да влезат на овој пазар, а посебно после успехот на нивната мала играчка конзола Steam Deck.
Не треба веќе да се истакнува влијанието кое го има Valve и нивната Proton технологија направена на основа на Wine, за достапноста на повеќето игри на Linux и загрозувањето на позицијата на Windows на „гејминг“ пазарот.
Од компанијата не ги објавија точните цени и дата на достапност на новите уреди, а сега преку нова објава истакнуваат дека ќе мораат да направат одредени измени.
Иако планот за пуштање на уредите во првата половина од 2026 останува, точните дати ќе бидат променети, а уште поважно, промена ќе има и во планираните цени.
Главната причина за ова е недостатокот и високите цени на чиповите за меморија и податоци, нешто што е доста познато и доста го промени пазарот за компјутери оваа година.
Исто така познато е дека причината за цените и недостатокот е што најголемиот дел од производството оди за серверите за вештачка интелигенција, а се работи за огромна количина, па на крајот како „колатерална штета“ стануваат крајните корисници.
Во објавата од Valve сѐ уште нема точна дата и цени за уредите, па ќе почекаме уште малку до официјалното претставување и потребните информации.









































