Bazzite е Linux дистрибуција која станува доста популарна кај „гејмерите“, а посебно во ова време кога конечно Windows изгледа веќе нема да биде клучен за корисниците кои сакаат да играат игри.
Оваа дистрибуција, која е направена на основа на Fedora, е специјално развиена за да се користи за играње на игри, иако ништо не ги спречува корисниците да ја користат и како нивниот главен оперативен систем за повеќе работи.
Една од карактеристиките на Bazzite и предностите за подобра прифатеност од страна на Windows корисниците е што системот е направен на основа на Fedora Atomic, односно кратко кажано, корисниците немаат дозвола да прават измена на системските датотеки.
Од Bazzite, односно Universal Blue, најавија дека се една од неколку основачки организации на Open Gaming Collective организацијата, а дел од истата се и ChimeraOS, Nobara, Playtron, Fyra Labs, PikaOS, ShadowBlip и ASUS Linux.
Целта на оваа организација е „да ги централизира напорите околу критични компоненти како што се закрпи за ‘кернелот’, алатки за внесување информации и основни пакети за игри како што е gamescope. Наместо секоја дистрибуција да одржува посебни закрпи и фрагментирана хардверска поддршка, подобрувањата сега можат да се споделат низ целиот екосистем. Накратко: победата за еден проект станува победа за сите.“ – истакнуваат од Bazzite.
Со други зборови, програмерите и дистрибуциите од Linux заедницата, кои сакаат да го донесат „гејмингот“ на Linux, се задржуваат за уште подобар развој и напредок.










































