Фото: Samsung

Додека го чекаме Samsung Unpacked настанот, на кого ќе бидат претставени уредите од Galaxy S26 серијата, од компанијата почнаа да ни прикажуваат мали информации за што можеме да очекуваме. 

По најавата за новата функција за заштита на приватноста од луѓето кои потенцијално може да гледаат во екранот на корисникот, сега од компанијата вниманието го насочија кон камерите. 

Samsung објави три видеа преку кои ги истакнува способностите на камерите кај Galaxy S26 серијата за сликање и снимање во темни услови, како и една од главните карактеристики по кои се познати Galaxy телефоните, можноста за зумирање. 

Видеата можете да ги погледнете во продолжение.