Windows 10 како оперативен систем до минатата година добиваше по 2 поголеми надградби во годината кои донесуваат одредена бројка на нови функции, покрај стандардното подобрување на перформансите и слично.
Минатата година со November 2019 Update Microsoft го „прекрши“ тоа правило и корисниците на добија скоро ништо ново, а надградбата беше доволно мала да се инсталираше исто како месечните „cumulative“ надградби кои бараат само кратко рестартирање на системот.
Иако ова требаше да биде само еднаш, односно исклучок, па Microsoft да продолжи со две поголеми надградби во годината, сепак неофицијалните информации, а сега и дел од Windows 10, укажуваат на тоа дека и оваа година нема да види втора надградба со нови функции.
Начинот на којшто Microsoft ги прави малите надградби, поради истиот код и немањето на нови функции, е преку вклучување на „копче“ кое само ја менува верзијата на оперативниот систем.
Ова „копче“ беше најдено во ланската May 2019 Update, а истото сега е присутно во регистарот на Windows 10 и во May 2020 Update. Ова се смета како доказ дека гласините се точни и дека Microsoft и оваа година планира да има ист случај како лани.
Кога ќе се земе во предвид состојбата со COVID-19 оваа година, не е чудо што Microsoft се реши повторно да не направи 2 поголеми надградби, а поважно од тоа е идната година да ги видиме промените кои ги најави Панос Панај, под кого сега е развојот на Windows 10 и Surface уредите.