Во најновиот „build“ од Windows 10 Insider програмата, поточно од Dev каналот, Microsoft воведе една можеби не толку голема, но сепак корисна новина за напредните корисници. Со оглед на тоа што оваа новина е дел од Dev каналот, не се знае кога ќе стане дел од официјалната верзија на Windows 10, а тоа може да биде во било кое време.

Поточно, оваа новина е наменета за „гејмерите“ и тоа тие кои на својот десктоп компјутер, кој најверојатно и самите го склопиле, имаат повеќе графички картички. Ова секако може да се и професионалци кои работат со измена и креирање на видео содржина и слично.

До новата можност може да се дојде преку Settings апликацијата во делот „Graphics Settings“, а до овој дел може да се дојде преку Settings > System > Display > Graphics settings или Settings > Gaming > Graphics settings.

Тука на корисници ќе им биде овозможено да изберат која графичка картичка да се користи стандардно во ситуации кога се прави активност за која се потребни поголеми графички перформанси.

Уште подобро, корисниците ќе имаат можност да изберат апликациите, секоја посебно, со која графичка картичка да функционираат, а изборот ќе биде помеѓу тоа да Windows 10 одлучи сам, да се избере картичката која штеди енергија, графичката за високи перформанси, како и корисникот сам да избере од листа.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаМоќта на прилагодувањето: Универзитет Американ Колеџ Скопје со нов, усовршен концепт за хибридна настава
Следна статијаBad Education (2020)
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.