За време на Xbox Games Showcase, Microsoft претстави нова верзија од својата играчката конзола Xbox Series S. Ова е поевтиниот модел од двете достапни конзоли, а новата верзија донесува нова боја и поголем простор за податоци.

Просторот за податоци е дуплиран, односно од досега достапните 512GB, новата верзија ќе дојде со 1TB. Поради ова, корисниците кои се’ уште се размислуваат за купување на играчка конзола, нема да мора да ги вклучат во пресметките додатоците за простор кои беа потребни за оваа верзија.

Покрај поголемиот простор, Xbox Series S доаѓа и со нова боја, црна мат боја со која уште од почетокот е достапна поскапата Xbox Series X верзија. Со истата нова боја секако доаѓа и контролерот, а корисниците можат да докупат различни додатоци како и досега.

Достапноста на новиот Xbox Series S е планирана за 1 септември оваа година и во САД ќе се продава за 350 долари, а кај нас ќе треба да се почека и да се види.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаОфицијална слика од „одговорот на Twitter“ од Meta
Следна статијаGoogle Drive веќе нема да функционира на Windows 8/8.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.