Познатиот MIUI, таканаречен „скин“ на Android, веќе нема да биде официјалниот оперативен систем на кој работат телефоните на Xiaomi, па од наредната, Xiaomi 14 серија, ќе добијат нов.

Новиот систем го претстави директорот на компанијата Леи Јун и го носи името HyperOS. Истиот сега е само најавен, односно не се достапни детали, а посебно тие поврзани со корисничкиот интерфејс. За тоа ќе мора да почекаме до крајот на годината, за кога се очекува претставувањето на Xiaomi 14 серијата.

Се очекува дека HyperOS ќе изгледа доволно различно од MIUI, кој иако беше доста популарен, сепак доста потсетува на iOS. Очекувам Xiaomi да отиде во нешто поуникатен правец, па веќе не би требало да се прават споредби со конкурентите.

MIUI започна пред 13 години, во август 2010 година и им беше достапен на корисниците на Android како посебно изменета верзија за тие кои го „отклучуваа“ својот систем за да може да се инсталираат посебно направени верзии од Android.

Во тоа време немаше корисник кој сакаше да си „поигра“ со својот телефон, а да не го нема инсталирано MIUI.

Овој систем потоа прерасна во официјалниот на уредите од Xiaomi, а како што истакнува Јун, компанијата која започна со неколку инженери, сега има тим од 4 до 5000 луѓе. Од почетните 100 поддржувачи, сега системот од компанијата го користат скоро 2 милијарди корисници.

HyperOS ќе биде систем кој ќе им овозможи на корисниците подобро поврзување во време кога скоро сите уреди се паметни, односно за времето на „Интернетот на нештата“.

Системот може да се каже дека е направен на основа на Android, но со интеграција на Vela, платформата од Xiaomi за интернетот на нештата.

Ќе биде интересно кога ќе ги видиме останатите детали од HyperOS, кога ќе излезе Xiaomi 14 серијата до крајот на годината.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаСекретаријатот на ЦЕФТА на Самитот на лидери на Берлинскиот процес повика регионалната соработка да премине од зборови на дело
Следна статијаКаратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Светските игри во боречки спортови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.