Најуспешниот кинески бренд Huawei, минатата година лансираше вистински конкурентен смартфон во високата класа. P9 имаше одличен дизајн, високи перформанси и врвна Leica камера, што беше доволно да одземе голем дел од колачот на конкурентите. P10-ката сега има задача да го продолжи успехот на својот претходник.

Како и скоро секој друг производител во високата класа, покрај стандардната P10-ка, Huawei спрема и Plus изведба, но тука таа нема да има поголем дисплеј, туку ќе има дисплеј со “Edge” страни како кај Samsung телефоните. Според тоа, двата смартфони ќе бидат идентични и ќе се разликуваат само по изведбата на дисплеите. Самите дисплеи пак ќе имаат резолуција од 2560х1440 пиксели, што конечно е конкурентно на најдобрите во класата.

Од слајдовите може да се види дека ќе има изведби со 4 и 6 GB рам меморија, како и 32, 64 или 128 GB простор. Цените ќе се движат од 508 до 682 долари за обичниот модел, односно 726 или 828 долари за Plus моделот. Ова се доста повисоки цени од тие на претходникот и воопшто, повисоки од многу кинески конкуренти. Сепак, Huawei со овој смартфон и натаму е малку поевтин од етаблираната конкуренција како Apple и Samsung, што е веројатно доволно за успех.

Huawei P10 и P10 Plus во почеток ќе бидат претставени на пазарот во Кина, но официјалното претставување за светскиот пазар веројатно ќе се случи на MWC во Барселона на 26 Февруари, за кога Huawei спрема посебна промоција.

Извор: Pocket Now, GSM Arena, Trusted Reviews

Претходна статијаApple порано ќе почне со производството на iPhone 8
Следна статијаПриказната за Samurai Jack конечно ќе добие достоен крај