Moments-Logo

Facebook денеска претстави нова апликација наменета за организирање и споделување на огромниот број на слики кои што денеска седат на мобилните уреди од корисниците. Споделувањето на сликите во овој случај е приватно, односно не е наменето за споделување на социјалната мрежа за сите да ги видат, туку само одредена група на луѓе, најчесто тие кои што ги има во сликите.

За организирањето на сликите и нивно споделување, Moments се темели на познатиот алгоритам на Facebook за препознавање на лицата во сликите. Ова, заедно со времето и локацијата на сликите, овозможува групирање на сликите во еден албум кој што потоа може да биде споделен со пријателите.

Со други зборови, Moments ги препознава сликите кои што стојат во папката од камерата на мобилниот уред, по што ги групира врз основа на луѓето во нив, како и местото каде што се сликани. Врз основа на препознаените лица, Moments предложува со кого да ги споделите истите.

Moments-Cartoons

На овој начин многу едноставно можете да ги споделите големиот број на слики кои што ги имате сликано со вашиот мобилен во одредена ситуација, а исто така вашите пријатели да ги споделат нивните слики со вас.

Како што истакнуваат од Facebook, сите ние сликаме огромен број на слики во разни ситуации со нашите мобилни уреди. Често едната слика се слика со повеќе уреди за да секој ја има потоа истата, зошто добивањето на вашите слики од вашите пријатели подоцна е ретко успешна мисија. Со препознавањето на лицата, Moments овозможува едноставно споделување на сликите со потребните пријатели, без потреба од нивно пребарување една по една.

Moments е достапна на Android и iOS, но за почеток само во САД. Од Facebook најавуваат дека постепено ќе ја овозможуваат апликацијата и за други земји, меѓутоа без конкретна најава за кои земји и кога е тоа наскоро.

Извор: Facebook

Претходна статијаПроизводителот на гејмерски компоненти Razer ја купи Ouya
Следна статијаMicrosoft лансираше нов Elite џојстик за Xbox кој може да се персонализира
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.