nexus2cee_screenshot_2015-03-20-14-28-4321

Facebook, најголемата социјална мрежа, како и секоја друга успешна компанија, константно размислува и тестира нови сервиси како надградба на постојните. За корисниците се достапни повеќе апликации, а од компанијата од време на време може да видиме и што ново тестираат.

Најновата функција која што ја тестираат од компанијата доаѓа во форма на Android апликација наречена Phone. Истата уште е во фаза на тестирање, а случајно се има појавено на листата со новости на некои корисници, нешто што не ретко се случува.

Од Facebook го имаат потврдено постоењето на апликација за VentureBeat, меѓутоа немаат дадено повеќе информации и детали околу истата.

Од она што може да се види од краткиот опис на апликацијата, случајно прикажана кај одредени корисници е дека таа ќе прикажува информации за тие што ве повикуваат, а исто така автоматски ќе блокира броеви кои што се често блокирани од други сервиси.

Може да се заклучи дека Facebook Phone треба да биде dialer апликација која што би ја заменила вградената во Android. Исто така, од досегашното искуство, доколку апликацијата биде официјално претставена, сигурно на почетокот ќе биде достапна само за американските корисници.

Инаку, претставувањето на ваква апликација од страна на Facebook може да се смета како логичен потег, а истата може да биде навистина корисна. Facebook има повеќе од милијарда корисници кои што голем дел од нив го имаат внесено нивниот телефонски број кој што е потоа поврзан со нивниот профил. Facebook значи дека поседува огромна база на информации и телефонски броеви, нешто што е основа за една ваква апликација.

Користењето на ваква апликација на корисниците ќе им овозможи да знаат кој ги бара, дури и кога тој број го немаат во именикот. Исто така, веќе нема да има потреба од рачно внесување на слики и основни информации за контактите, а сето тоа ќе биде добиено од социјалната мрежа.

Извор: VentureBeat, Android Police

Претходна статијаXiaomi претстави нова 40 инчна верзија од Mi TV 2
Следна статијаBoeing патентираше заштитен систем за оклопни возила налик заштитно поле
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.