Google оваа недела претстави платформа која што има за цел да им помогне на новинарите подобро да ги користат сервисите од оваа компанија во нивното истражување и спремање на новостите.
Во основа News Lab не претставува платформа која што донесува нови алатки, туку повеќе таа е едно место каде што новинарите ќе можат да дознаат повеќе за тоа како да ги користат постојните алатки, преку туторијали и слично. Тука се мисли користење на сервисите на компанијата за пребарување, мапи, YouTube и повеќе.
Покрај користењето на сервисите од компанијата, News Lab овозможува и објаснување за пристап до Google Trends, податоци кои што треба да им овозможат на новинарите доаѓање до најинтересните теми кои што ги интересираат читателите.
На крај, оваа иницијатива опфаќа и програми за соработка со одредени компании кои што треба да овозможат унапредување на новинарството, односно надминување на предизвиците кои што ги има во областа. Ова подразбира поддршка за стартапи, унапредување на истражувачкото новинарство, овозможување на луѓето полесно да известуваат од лице место и слично.
Во основа од компанијата истакнуваат дека новинарството е една од основните фактори за развој на општеството и демократијата. Информациите треба да можат да стигнат до сите заинтересирани читатели, а тоа во денешно време иако се чини лесно со достапноста на технологијата, исто така е отежнато поради огромниот број на информации кои што се достапни.
Извор: Google, Google News Lab