internet_explorer_11_logo

За време на изминатиот викенд откриен е сигурносен пропуст во Internet Explorer прелистувачот кој што може да овозможи далечинско извршување на малициозен код, преку кој што потенцијален напаѓач може да се здобие со пристап до компјутерот. Потоа напаѓачот може да врши инсталирање на програми, прегледување и бришење на фајлови на нападнатиот компјутер. Пропустот е објавен од страна на Microsoft преку нивната страна TechNet. Потенцијален напаѓач може да го искористи овој пропуст преку посебно направена веб страна која што е направена да го искористи овој пропуст доколку го убеди/измами корисникот да ја отвори.

Сигурносниот пропуст ги опфаќа сите верзии на Internet Explorer од верзија 6, па нагоре, односно до најновата 11-та верзија. Иако ги опфаќа овие верзии, досега направените напади се насочени од IE 9 до IE 11. Најмногу изложени на овој сигурносен пропуст се преостанатите корисници на Windows XP оперативниот систем за кој што поддршката заврши на почетокот од овој месец, па корисниците нема да ја добијат соодветната закрпа кога истата ќе биде издадена од страна на Microsoft.

Има неколку препораки за тоа како да се заштитите од овој сигурносен пропуст, од кои што најсигурната е да користите некој друг прелистувач до издавање на соодветната закрпа. Доколку сепак морате да го користите Internet Explorer следете ги некои од следните препораки:

  • Исклучете го Flash Player додатокот од прелистувачот
  • Вклучете го Enhanced Protected Mode (EPM) режимот кој што е достапен од Internet Explorer 10, па навака
  • Инсталирајте ја Enhanced Mitigation Experience Toolkit (EMET) алатката од страната на Microsoft

Сепак доколку не се разбирате доволно најдобро е да сурфате со Mozilla Firefox или Google Chrome во наредните неколку недели.

Претходна статијаHP ќе претстави 14 инчен Android лаптоп
Следна статијаИнстантно споделување на слики и видеа во новата верзија на Facebook Messenger
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.