youtube-music-key-screens

Иако од Google немаат официјално потврдено, веќе подолг период се најавува пуштањето на музички сервис на YouTube преку кој што корисниците со месечна претплата ќе добијат пристап до музички видеа и слична содржина. Поради тоа што од компанијата не излегуваат со некакви информации, деталите поврзани со сервисот се мали и не се знае многу околу тоа што може да се очекува.

Според најновите информации до кои што има дојдено порталот Android Police, музичкиот сервис е во развој и тој ќе го носи името YouTube Music Key. Оваа информација покрај другото е добиена од регистрираниот домејн од страна на Google кој што го носи ова име. Google веќе има музички сервис за Android корисниците наречен Google Play All Access, за кој што се верува дека ќе биде преименуван во Google Play Music Key и ќе вклучува една претплата која што ќе важи и за новиот сервис на YouTube.

За жал Google Play All Access не е достапен за корисниците од нашата земја, па голема е веројатноста дека и новиот сервис на YouTube нема да биде достапен, барем не во почетокот.

Корисниците на YouTube Music Key со месечна претплата од 9,99 долари ќе добијат неограничен пристап до музички видеа од разни изведувачи, како и нивни концерти, cover видеа и слична содржина. Она што ќе биде различно од другите музички сервиси, а карактеристично за страна како YouTube е можноста за зачувување на видеата за гледање офлајн, слушање само на аудио делот од видеото и сето тоа без прикажување на реклами.

Сепак оваа информација, како и сите неофицијални информации, а посебно тие што не доаѓаат од луѓе кои што работат во компанијата, треба да се земат со доза на скептичност.

Извор: The Verge, Android Police

Претходна статијаFacebook ќе ги означува сатиричните вести за полесно распознавање од вистинските
Следна статијаFirefox за Android ќе добие поддршка за Google Chromecast
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.