Фото: Shutterstock.com

Apple минатиот јуни, при најавата на Apple Intelligence, презентира и нова верзија од Siri која донесува нова анимација и дизајн, можност за познавање следење на активностите на корисникот и нивно поврзување, можност за препознавање што е на екранот во моментот, како и поголема интеграција со апликациите. 

Apple Intelligence функциите не станаа достапни веднаш во септември, а истите беа пуштани постепено, по што се виде дека од компанијата сепак имаат избрзано спротивно на нивниот стил со цел да ги стигнат конкурентите. 

Подобрената верзија од Siri се очекуваше за оваа пролет, но стана јасно дека во компанијата не се задоволни од развојот и точноста на информациите кои ги дава. 

Дел од информациите говорат дека еден од проблемите кои довеле до ваквата ситуација е намалување на буџетот за компјутери за вештачка интелигенција, поради финансискиот директор.

Напредната верзија од Siri се најави дека може да се очекува во наредните година дена, па во главно очекувањата отидоа во правец на тоа дека ќе дојде до одложување од цела година. 

Сега според информации од The New York Times, Apple ќе бидат подготвени да ја пуштат напредната верзија од Siri оваа есен. Нивните извори тврдат дека директорите во Apple не сметаат дека одложувањето е некаков проблем, а конкурентите како Google и Meta исто така немаат направено голем напредок сѐ уште.

Ова е класичниот стил на Apple и тие направија грешка што воопшто избрзаа минатата година, ако не со друго барем со рекламите за новите функции, нешто за кое добија и тужба.  

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2The New York Time
Претходна статијаApple Maps преку веб сега може да се користат преку било кој уред
Следна статијаMicrosoft истакна седум карактеристики на Windows 11 за да ги привлече корисниците на Windows 10
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.