Фото: Shutterstock.com

Очекувано, изминатиот период можевме да видиме претставување на неколку нови прелистувачи, од компаниите кои работат на развој на генеративна вештачка интелигенција. Тука треба да се додадат и ВИ функциите и режимите кои се додаваат на веќе постојните прелистувачи, меѓу кои и Chrome и Edge.

Уште веднаш може да се заклучи дека овие прелистувачи ќе бидат голем проблем за приватноста на корисниците, нешто што никогаш не беше решено, а сега дополнително се намалуваат шансите за тоа. 

Покрај ова, од Brave истакнуваат конкретни примери за безбедносниот ризик кој го претставуваат вакви прелистувачи, а објавија и конкретни примери со докази за истото. 

Тие истакнуваат дека за откриените слабости се информирани компаниите кои стојат зад прелистувачите, па би требало да најдат некакви решенија. 

Од Brave објавија две статии досега, а најавуваат уште. Двете се однесуваат за можноста на вметнување на упатства за вештачката интелигенција кои во основа би ја искористиле функцијата за отворање на страните во име на корисникот. 

Во едниот случај инјектирањето на упатствата се прави преку слики од екранот кои се пуштаат на ВИ да ги анализира, а другиот е преку инјектирање на упатства преку скриен текст на веб страните. 

Двата начини на „искористување“ на прелистувачите со вештачка интелигенција е толку лесен и очигледен, што е чудно што од компаниите уште од почеток не размислувале за потенцијално решение и заштита од истите. 

Во основа, овие слабости се најистакнати при користење на агентските способности на вештачката интелигенција, односно можноста за отворање на страни во име на корисникот, резервации, нарачки и слично. 

Претходна статијаПочна „Енерго-Технома 2025“ – на едно место ги спојува знаењето и технологијата за одржлива иднина
Следна статија(Видео) Zorin OS 18 излезе точно на време за крајот на поддршката на Windows 10
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.