Фото: Shutterstock.com

„Четботот“ од xAI, односно конкуренцијата на ChatGPT, Gemini и другите од страна на Елон Маск, ја доби една од клучните функции кои се потребни за овие алатки бидат навистина корисни и да го оправдаат зборот интелигенција кој стои зад нив. 

Grok ја добива можноста да ги памти претходните разговори со корисникот, односно добива меморија преку која ќе може да запамети одредени информации за корисникот. 

Ова значи дека корисниците на Grok веќе нема да мора при секој разговор да повторуваат одредени информации за нив, како што е возраста, што е тоа што го работат, одредени здравствени проблеми и слично. 

Grok сега ќе може да се повика на овие информации во неговата меморија и да даде подобар одговор на прашањата. 

Како што е случајот и со ChatGPT, корисниците ќе имаат контрола на меморијата на Grok, односно ќе можат да избришат одредени запаметени информации доколку не сакаат да бидат дел од разговорите. 

Претходна статијаWhatsApp доби заштита од споделување на содржината од разговорите
Следна статијаЉубљана ќе биде домаќин на Европскиот Фестивал за Дизајн, Европските Награди за Дизајн и Конференција на Интернационалниот Совет за Дизајн
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.