xAI објавија дека нивниот најнов голем јазичен модел, кој го претставија неодамна, им станува достапен на сите корисници, бесплатно. Grok3, кога беше претставен им стана достапен на корисниците кои плаќаат претплата, како и преку посебната Grok апликација

Сепак, најновиот и досега најдобар јазичен модел од xAI, ќе можат да го пробаат сите корисници, а за истото не мора ни да имаат X или xAI сметка, па можат да го користат „четботот“ со најновиот јазичен модел и преку веб. 

Секако, корисниците кои плаќаат претплата секогаш ќе имаат поголем пристап до Grok, односно помали или никакви ограничувања, пристап до понови функции, а во овој случај и можност за гласовно разговарање. 

Достапноста на Grok3 беше објавена од страна на xAI, од каде истакнуваат дека се работи за најпаметната вештачка интелигенција во светот. 

Овие тврдења на xAI секако не можат баш веднаш да се потврдат, но првичните тестирања покажуваат дека Grok3 дефинитивно е доста добар јазичен модел. 

Претходна статијаFirefox ќе продолжи да добива поддршка за постарите оперативни системи дополнителни шест месеци од планираното
Следна статијаНеофицијално објавена големината на екраните кај првиот iPhone на преклоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.