Bing Chat Enterprise е посебна верзија од сега веќе познатиот Bing Chat, која Microsoft ја направи достапна во „preview“ форма и ја насочи кон корисниците од образовните институции.
Како главна разлика на оваа Enterprise верзија се истакнува заштитата и приватноста на информациите, нешто што е главна пречка за да им се препорача на компаниите и организациите да ги користат овие алатки.
Според Microsoft, Bing Chat Enterprise доаѓа со „комерцијална заштита на податоци“ која во основа значи дека разговорите со Bing нема да може да станат достапни на двор од организацијата, истите не се зачувуваат, а Microsoft нема директен пристап до истите. Исто така важно, овие разговори не се користат за тренирање на јазичниот модел.
„Знаеме дека генеративната вештачка интелигенција има потенцијал да им помогне на едукаторите, персоналот и истражувачите повторно да ја откријат радоста на работата преку ублажување на административните оптоварувања и враќање на времето и енергијата за да се фокусираат на она што е најважно во и надвор од училницата.“ – истакнуваат од Microsoft.
Како што може да се види, од компанијата Bing Chat Enterprise посебно го промовираат како алатка наменета за образовните институции, па даваат и примери како таа може да им помогне во работата.
Bing може да им помогне на корисниците да ги направат своите планови за часовите, сумирање на одредена содржина од документи и повеќе.