Наредниот понеделник, 10 јуни, започнува WWDC конференцијата на Apple, а оваа година на неа треба да биде презентиран начинот на којшто од компанијата ќе се приклучат на трендот на интеграција на генеративната вештачка интелигенција.
Од тоа што го знаеме досега неофицијално, Apple ќе даде големо значење на функциите со ВИ кои ќе функционираат локално, поради овозможување на стандардната за компанијата приватност на корисниците. Тука се и новите сервери кои исто така ќе треба да бидат направени со приватноста во предвид пред се.
Сепак, информациите говорат дека Apple не се доволно напред во делот којшто би конкурирал на ChatGPT, па за потребите за „четбот“ тие се во преговори со OpenAI, Google и Baidu.
Наводно со OpenAI веќе е постигнат договор, па идната недела ќе ги видиме резултатите од оваа соработка.
Со оглед на тоа што Microsoft се едни од најголемите инвеститори во OpenAI, соработката со Apple не е нешто на кое што би гледале од страна.
Според информациите, од компанијата бараат да добиваат процент од заработката која ќе ја има OpenAI. Се очекува дека заработката ќе биде голема, а кога ќе се земе во предвид популарноста на Apple и бројот на нивните корисници, новите функции со ВИ се очекува дека ќе бидат доста користени.
Еден од аргументите на Microsoft е поврзан токму со овој факт, односно тие сметаат дека оптовареноста на серверите ќе биде доста зголемена, па потребата од поголеми приходи доаѓа логична.
Остануваат уште само помалку од недела дена до WWDC 2024, па конечно ќе ги видиме официјалните најави на се што читавме изминатите месеци.