Фото: Shutterstock.com

Почнувајќи од 19 јануари 2025 година, TikTok ќе биде забранет во САД и апликацијата веќе нема да смее да биде достапна во продавниците за апликации. Тоа значи дека TikTok ќе мора да биде тргната од Play Store, App Store и другите, а корисниците ќе можат да продолжат да ја користат инсталираната апликација додека истата функционира. 

Причината за ова е позната, а тоа е дадениот рок од 9 месеци за продажба на мрежата на компанија која не е во Кина. Мали беа шансите дека ByteDance ќе се сложи на нешто вакво, а посебно поради развојот на посебен алгоритам и прашањето дали некој ќе понуди доволно висока сума. 

Аргументот кој од компанијата го носат пред Врховниот Суд е поврзан со слободата на говор. Тие истакнуваат дека со донесувањето на законот поради кој ќе дојде со забрана на TikTok, се прави огромно нарушување на Првиот Амандман, односно слободата на говор. 

Од компанијата исто така истакнуваат дека компаниите кои функционираат на TikTok ќе изгубат повеќе од 1 милијарда долари, а креаторите повеќе од 300 милиони, уште во првиот месец од забраната поради неостварените приходи кои ги имаат сега. 

Не е познато дали има шанса за „спас“ на оваа мрежа која иако е доста популарна, има доста критики за влијанието врз младите, односно поради видот на содржина која е достапна. 

Дополнително, позната е причината за забраната на апликацијата, нешто што сакаше да го направи и Трамп кога беше на власт. Обвинувањата се дека компанијата е под контрола на кинеските власти и дека истата се користи за собирање на податоци за корисниците, како и за ширење на пропаганда. 

Има најави дека политиката кон TikTok можно е да биде сепак променета со доаѓањето на Трамп на власт идниот месец, па ќе видиме што точно ќе се случува.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНаредниот iPhone SE можно е да биде наречен iPhone 16e
Следна статијаMotorola претстави четири нови телефони од средната и ниската класа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.