Motorola претставија четири нови телефони од средната и ниската класа. Овие телефони дефинитивно може да се каже дека не донесуваат ништо ново и посебно, па се добри за корисниците кои имаат доволно постари уреди и бараат нешто ново, но не скапо.
Претставени се Moto g15, Moto g15 Power, Moto g05 и Мото e15. Сите овие телефони доаѓаат со скоро истите карактеристики, па се разликуваат во по една која треба да го привлече вниманието на различните потреби на корисниците.
Од компанијата имаат и насоки за тоа кој модел за кој вид на корисник е наменет, па така G15 е за „барачот на возбуда кој копнее за одлично траење на батеријата“, G15 Power е за „зафатениот корисник кој е во движење“, додека третиот модел g05 е за „креаторот на содржина кој останува информиран“.
Moto e15 моделот, односно моделот од најниската класа е наменет за „штедливиот ентузијаст за забава“.
Сите четири модели доаѓаат со MediaTek Helio G81 Extreme чипот кој е од средната класа и доаѓа со две процесорски јадра за перформанси и шест за заштеда на енергија. Графичкиот процесор е Mali G-52 MC2, а чипот е направен во 12nm процес.
Јасно е дека овие телефони не можат да се носат со најдобрите, но тие не се ни промовираат како такви.
Сите телефони имаат 6,7 инчни екрани, g15 и g15 Power со Full HD+ резолуција, додека g05 и e15 со помала резолуција, но затоа со 90 херци стапка на освежување.
Батеријата кај Moto g15 Power е со најголем капацитет, очекувано, а истата доаѓа со 6.000 mAh.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)

































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



