Фото: Shutterstock.com

По официјалната најава за замената на Windows Mail, Calendar и People апликациите со новиот Outlook, сега се знае и периодот кога бизнис корисниците можат да очекуваат ваква замена за класичната Outlook апликација која доаѓа како дел од „Office“ пакетот, односно Microsoft 365. 

Windows Mail престанува со функционирање на 31 декември оваа година, што значи дека од 1 јануари корисниците веќе ќе мора да го користат новиот Outlook, доколку не се одлучат за друга апликација, секако. 

За класичната Outlook апликација рокот е нешто подолг, очекувано, а процесот на замена треба да заврши до април 2026 година. Тоа значи дека бизнис корисниците имаат повеќе од една година да се подготват за промената, па не би требало да им претставува проблем. 

Процесот ќе започне веќе од идниот месец со Business Standard и Business Premium корисниците чии апликации автоматски ќе бидат сменети во новиот Outlook.

Добро е што тој процес, кој и сега може да биде рачно направен, може да се врати назад, а преку Options > General автоматската промена може да биде исклучена. 

Enterprise корисниците нема да бидат вака автоматски сменети, но затоа за било кој вид на корисник промената ќе мора да се направи во април 2026 година. 

Секоја ваква промена прави одредени проблеми за корисниците, а посебно кога се работи за бизниси. Дел од корисниците негативно реагираат на било каква промена, но во овој случај може да се каже дека реакциите се основани. 

Новиот Outlook е направен на основа на веб верзијата од Outlook.com, што значи дека не е апликација направена како класичната. Дополнително, не сите функции се префрлени кај новата апликација, но тоа би требало да биде направено до 2026 година. Оваа апликација според Microsoft нуди одредени предности, а најмногу разлика може да се забележи кај поновиот кориснички интерфејс, можноста за закачување на пораките, користење на унифициран инбокс, теми и слично. 

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаGrok им стана достапен на сите корисници на X
Следна статијаПовеќето Apple Intelligence функции им станаа достапни на корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.